Казни од по 20 евра за функционерите од ДУИ, ако ги подмират за една недела ќе платат 10 евра

by fokus

Министерството за внатрешни работи им врачи платни налози за неносење на маска на сите 15 функционери од ДУИ кои на 4 јануари се сликаа собрани во новата зграда на Министерството за политички систем без маски и без дистанца, славејќи го роденденот на нивниот лидер, Али Ахмети.

Од Министерството за внатрешни работи за Фокус потврдија дека платните налози се врачени и дека како и за сите граѓани така и за функционерите важи правилото дека ако ја платат казната во рок од една недела, ќе им се намали на 10 евра.

Според извори од истрагата институциите работат и на нови казни кои се однесуваат на забраната за јавно групирање на повеќе од четири лица.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на 4 јануари ја објави спорната фотографија на Фејсбук, а на неа се гледа како функционери на ДУИ без маски и дистанца го славеа шеесет и вториот роденден на Ахмети, но и новото седиште на Министерството предводено од првиот вицепремиер, Артан Груби.

Поврзани новости