Твитер му го одблокира налогот на Трамп откако ги избриша спорните коментари

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп избриша три контроверзни твита, откако компанијата Твитер го обвини за поттикнување насилство, поради што неговиот налог беше суспендиран за 12 часа. Откако ги избриша спорните коментари, Твитер му го одблокираше налогот.

Покрај заклучувањето на налогот, од социјалната мрежа му се заканија дека трајно ќе му биде отстранет доколку не ги избрише спорните коментари, откако и Твитер и Фејсбук објавија дека неговите пораки ја зголемуваат веројатноста за насилство предизвикано од неговите приврзаници во Вашингтон, објави Скај Њуз.

Поврзани новости