686
По спроведена дисциплинска постапка во рамки на Министерството за внатрешни работи во текот на декември, донесени се решенија против 59 вработени во полицијата поради сторени повреди во работењето.
Како што информира МВР, на 46 вработени изречена им е парична казна, на петмина писмено предупредување, на четворица запирање на постапката, на двајца распоредување и на уште двајца мерка отказ.
Полицијата соопшти дека полицаец од Крива Паланка добил отказ затоа што за себе прибавил против правна имотна корист, а отказ добил и Виш инспектор од Битола, кој неоправдано изостанал од работа три последователни дена.