Заев: Изборите може ќе одложат за јуни или септември

by Фокус

Зоран Заев, лидер на СДСМ, во изјава за Мета вели дека засега нема договор за одложување на изборите закажани за 24 април, но не ја исклучи можноста сепак тоа да се случи.

– Засега нема конкретен договор за поместување на изборите закажани за 24 април. Можеби во општинските организации сме разговарале за роковите до кога би се прочистил Избирачкиот список или би се нашол договор за медиумите. За конкретни датуми ќе разговараме на средбата со Јоханес Хан во Скопје, но, тоа не значи дека изборите не можат да се одржат во април или во јуни. Можеби ќе заклучиме дека идеално за одржување на изборите ќе биде септември. Сепак за тоа треба да разговараме со еврокомесарот во Скопје и со останатите партии потписнички на Договорот од Пржино. Ако добијам, пак, цврсти гаранции дека изборите ќе бидат фер и демократски тие можат да се одржат и на 24 април – изјавил Заев.

Поврзани новости