Kaзнети 374 возачи во Скопје, од кои 92 за пречекорена брзина

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 374 санкции.

Како што соопшти денеска МВР, за возење без возачка дозвола санкционирани се 24 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 92 прекршоци, за технички неисправни и нерегистрирани возила 16, а санкционирани се и 27 мотоциклисти. За непрописно паркирање изречени се 107 мерки, додека 16 санкции се кон пешаци и 48 казни за неносење на заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.

Поврзани новости