497
Во текот на вчерашниот биле казнети 322 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, информираат од МВР.
Од нив 23 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 157 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 165 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.