536
Во рамки на засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот, во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 113 мерки.
Како што соопшти МВР, меѓу казните 38 се за возење повеќе од дозволената брзина, 10 за возење без возачка дозвола, седум санкции за управување возило под дејство на алкохол, четири за користење мобилен телефон за време за возење, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.