Казна за Албанија поради скандирањето „УЧК“ и „Илирида“ на натпреварот во Струмица

by fokus

ФИФА го казни фудбалскиот сојуз на Албанија поради националистичко и политичко скандирање на мечот со Македонија кој се одигра во Струмица во рамки на квалификациите за Светско првенство.

Фудбалската федерација на Албанија ќе мора да плати парична казна од 30.000 франци поради недоличното однесување на навивачите.

На мечот беа присутни околу 300 албански навивачи кои извикуваа „УЧК“, „Илирида“, и други политички провокации.

Казна доби и Македонија, од 5.000 швајцарски франци, поради фрлање на тврди предмети и користење на пиротехника. Дуелот меѓу Македонија и Албанија заврши со резултат 1-1 (0-0).

 

Поврзани новости