Министерот Спасовски во Солун на средба со колегите од Грција, Албанија и Бугарија

by fokus

Министерот Оливер Спасовски вчера и денеска во Солун присуствува на Втората министерска средба на министрите за внатрешни работи, надворешни работи и економија на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија што се одржува во Солун, Грција.

На средбата се разгледуваат прашања кои се од голема важност за целиот регион: справувањето со безбедносните предизвици како што се радикализацијата, екстремизмот и тероризмот, како и влијанието од миграциската криза.

Тема на средбата се и заедничките проекти кои ќе ја постават основата за посеопфатен пристап, водени од принципите на европската политичка култура, добрососедските односи и стабилност, суштински елементи за консолидација на патот кон Европа на целиот регион, информираат од МВР.

Поврзани новости