Расте бројот на лица во изолација во Неготино

by Fokus

До денес во Неготино има 45 лица на кои им е издадено Решение за изолација, потврдуваат од СВР Велес. Бројот на овие лица во тек на вчерашниот ден беше зголемен за шест, додека пак пред два дена, нагло се зголеми за 13 новорегистрирани.

Од СВР Велес за „Фокус” изјавија дека ги немаат деталите од каде дојде наглото зголемување на лицата кои добиле Решение за изолација во градот, кое им се издава на граѓани кои биле во контакт со инфицирани од Ковид-19, бидејќи во изминатите неколку дена не е регистриран нов случај на вирусот, но ги потврдуваат бројките.

-Не знаеме дали лицата на кои им се издадени решенијата биле во контакт со инфицирани од други општини, ги немаме тие податоци, но тоа е моменталниот број на новорегистрирани граѓани во изолација во Неготино – велат од СВР Велес.

Бројот на неготинчани кои потпишале Изјава за самоизолација изнесува десет, а полициските контроли утврдиле дека сите ги почитуваат мерките. Во тек на вчерашниот ден 20 лица во Неготино биле казнети бидејќи не носеле заштитни маски.

Моментално во градот има пет активни случаи на корона вирус. Во Демир Капија пак, има два активни случаи кои МЗ ги води под Општина Неготино.

Вики Клинчарова

Поврзани новости