Кавга меѓу Саше Политико и Јанко Јади Бурек: Политико го „бомбардирал“ со прашања, Јанко се бранел со спреј

by Фокус

Саше Политико и Јанко Јади Бурек вечерва имаа жестока кавга пред Сител телевизија во Градски Парк. Пред влезот на телевизијата уредникот на „Мактел“ го пречекал Илковски и го прашал: „Кој ја вработил жена му“, зошто не ги објавува бомбите и зошто редовно го брани режимот на Никола Груевски. На тоа водителот на емисијата „Јади бурек“ извадил спреј и сакал да го испрска по лицето.

Ивановски тврди дека таму бил само за да му постави неколку прашања, а не да го нападне. Според него, не му е јасно зошто Илковски се бранел со спреј.

– Тој дојде со кола, јас само му поставив прашање, а тој извади спреј за очи. Среќа што ме промаши. Почнавме да се бркаме низ Градски парк и тоа траеше 20 минути. Таман ќе застанеше и јас почнував да му поставувам прашања и тој пак го вадеше спрејот – истакна Ивановски.

Од друга страна, Јанко Илковски на својот фејсбук профил се правдаше зошто сакал да го искористи спрејот за очи. Еве што напиша тој:

– Саше Политико вербално ме напдна пред ТВ во темница и при што извадив пепер спреј бидеејки не знаев какви наме и има. За цело време ме пцуеше, навредуваше со највулгарни изјави. Секако ќе добие и соодветна пријава. Инаку не сме се степале, Геро и Кабранов лажат – напиша Илковски.

Поврзани новости