Јуратовиќ: Македонските граѓани можат да бараат и да ја присилат Владата на оставка

by Фокус

Пратеникот во германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ смета дека еден од причинителите, ако не и главен причинител на кризата во Македонија е премиерот Никола Груевски. Според него, Европската унија нема легитимитет да бара оставка од премиер на една држава, туку таков легитимитет имаат само граѓаните на Македонија.

-Оставка на Владата, коja по мое мислење со право ја бараат граѓаните на Македонија, можат да бараат само тие и да ја присилат на тоа, се надевам по мирен пат. ЕУ мораше да реагира затоа што после инцидентот во Куманово беше загрозена стабилноста на целиот регион, рече Јуратовиќ во интервјуто за порталот Кирилица.

Што се однесува до преодната влада, тој вели дека нејзин премиер воопшто не би смеел да биде некој лидер на политичка партија, без разлика дали тоа е Груевски или Заев.

-Во овој случај станува збор за функционалноста на државните институции, за почитување на човековите права и во таков случај не може да се губи време на компромиси помеѓу политичките лидери туку мора да се почитуваат демократските правила на игра и да се воспостави волјата на народот преку слободни избори. Во спротивно, ескалација од било кој тип е многу можна, предупредува Јуратовиќ.

Поврзани новости