Ќе се оценува обвинението за „поткуп“ поднесено против Заев

by Фокус

Денеска во Основниот суд Скопје 1, во 12 часот, ќе се одржи рочиште за оцена на обвинението за „поткуп“, поднесено против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Советот за оценка на обвинителен акт кој постапува по поднесениот обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за организиран киминал и корупција против осомничениот З.З., за кривичното дело Примање поткуп од член 357 ст. 5 од КЗ, го прифати барањето на одбраната за одржување седница на која советот ги цени наводите наведени во приговорите против обвинителниот акт и основаноста на актот во однос на списите и доказите приложени кон него од страна на јавниот обвинител, информираат од Кривичниот суд.

Во текот на вчерашниот ден судот информираше и дека на Заев ќе му се суди за случајот „Пуч“, бидејќи Советот за оценка на обвинителниот акт одлучил поднесеното обвинение да го прифати во целост. Набрзо треба да биде и закажана главната расправа.

 

 

 

Поврзани новости