Кавадарци доби нова уметничка инсталација-грозд, кој веќе е поставен на градскиот плоштад.
Станува збор за проект поддржан од Општина Кавадарци и Министерството за култура, во чест на виновата лоза чие одгледување е традиција во Тиквешијата.
-Скулптурната инсталација ,,Грозд” чиј автор е Маја Танева од Скопје, е дел од проектот Урбани топоними- скулптурални инсталации на Центарот за современи уметности, поддржан од Министерството за култура и Општина Кавадарци.
Посветен на грозјето и лозарите од Тиквешкиот регион без чија мака и посветеност не би можеле да ги вкусиме прекрасните вкусови на најдобрите македонски вина, ниту да ги засилиме и замислиме радоста, љубовта, тагата или болката кои најчесто се залиени со тиквешките вино и ракија.
На сите оние кои грижливо ги чуваат традициите и знаењата за одгледување винова лоза кои ги наследиле од предците, ги збогатуваат и негуваат пренесувајќи ги аманетите и тајните на лозарството, на наредните генерации.
Од денес го краси нашето убаво Кавадарци-истакна градоначалникот Митко Јанчев.
Вики Клинчарова