Кавадаречки мајтапи: Кажи ми каква вода пиеш, ќе ти кажам од која партија си!

by fokus 11:02
11:02

-Водата што ја пиеме открива од која партија сме, ако си ВМРО купуваш Кожувчанка, ако си СДСМ пиеш Горска – на шега коментираат кавадарчани, откако вчера Горан Тодоров, раководител на производство во компанијата Кодинг Горска беше избран за претседател на Општинската Организација на СДСМ Кавадарци.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев од редовите на ВМРО ДПМНЕ, пак е сопственик на компанијата Кожувчанка. И двете компании се занимаваат со производство на вода, сокови и пиво. Компанијата Кодинг започна со производство и дистрибуција на Горска вода во 2005 година, а погонот за производство и се наоѓа во непосредна близина на изворите во село Конопиште. Компанијата Кожувчанка е формирана во 1995 година, а изворот на минералната вода Кожувчанка се наоѓа на планината Кожув.

Покрај тоа што е раководител во Кодинг Горска, Тодоров исто така е дипломиран инжинер по индустриска логика. Претходно беше член на Извршниот Одбор на СДСМ Кавадарци и шеф на општинскиот изборен штаб на СДСМ Кавадарци.

Вики Клинчарова

Поврзани новости