Кавадарчани добија нови контејнери пред врата, за да не излегуваат за време на полициски час

by Fokus

Четириесет дополнителни контејнери за отпад добија станарите во зградите во Кавадарци. Истите се наоѓаат пред влезовите на зградите, со цел за време на полицискиот час граѓаните да можат да го фрлат ѓубрето, без да се движат по улицата до местата на кои се поставени старите контејнери.

-Дополнителните контејнери се поставени за да им се олесни фрлањето на ѓубре на станарите во зградите поради забраната за движење за престојниот празник Велгиден. Во вторник, по завршувањето на забраната, контејнерите ќе бидат повлечени – информира градоначалникот Митко Јанчев.

Голем број на станари во згради ширум земјата реагираат околу тоа како е решен проблемот со фрлање на ѓубре за време на продолжениот полициски час. Во Неготино, на пример, во зградите во централното подрачје, бројот на контејнери е многу мал, а станарите секој ден кога го фрлаат отпадот, мора да поминат и по 200 метри за да дојдат до првите контејнери.

Граѓаните прашуваат дали треба сега, за време на забраната на движење, да си го чуваат ѓубрето дома три дена и реагираат бидејќи проблемот не се решил на време.

Вики Клинчарова

Поврзани новости