Кацарска: Мицкоски нека спие мирно, кај мене нема нарачани пресуди

by fokus

Судијката Добрила Кацарска во вечерашното интервју на 1ТВ го коментираше тоа што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го користи изразот „Кацарска судство“ кое суди по нарачки на Заев.

-Првиот пат кога слушнав кога Мицкоски кажа Кацарска судство слатко се изнасмеав. Мицкоски како претседател на партија може да има сознанија дека некој некогаш нарачувал пресуди. Јас бев судија кога премиери беа Црвенковски, Георгиевски, Бучковски, Груевски, сега Заев. И никој од нив не се осмелил да ми се јави и да ми каже како да судам. Јас мирно спијам, а на Мицкоски ќе му порачам нека спие мирно, кај мене нарачани пресуди нема и нема да има, рече Кацарска.

Поврзани новости