Кацарска: Пресудата за Дурловски ми е најтешко донесена ослободителна пресуда во кариерата

by fokus

Судијката Добрила Кацарска во вечерашното интервју на 1ТВ рече дека пресудата за Игор Дурловски и била најтешко донесена ослободителна пресуда во кариерата.

-Во мојата кариера имам донесено повеќе ослободителни пресуди, но ова ми е најтешко донесена ослободителна пресуда. Ги имаме сите докази, но не произлезе дека Дурловски го сторил делото за кое беше обвинет. Мора да нагласиме дека обвинението е само за 27 април, а не за она што се случувало претходно. За Дурловски имавме докази дека влегол во Собранието, ја пеел химната, но не можеше да се поврзе со другите обвинети. Да имавме уште еден доказ, пресудата немаше да биде ослободителна, рече Кацарска.

 

Поврзани новости