Катица Јанева наполни 57 години: Среќна е онаа жена, која сама одлучила да биде среќна!

by fokus

На поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денес и е роденден и таа наполни 57 години. Роденденот го дочекува во затворот Идризово, каде ја издржува казната од седум години за случајот ,,Рекет”, поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Поради тоа што веќе одлежала една третина од затворската казна, на 31-ви декември лани таа беше пуштена во родната Гевгелија, да ги дочека празниците со семејството, а потоа на втори јануари повторно беше вратена во затворот.

Токму во тој период, додека беше во семејната куќа во Гевгелија, Јанева по подолг период се огласи на социјалните мрежи, со мудра мисла – Денес слушнав една прекрасна реченица. Ја прашале една жена, зошто сте вие толку среќна? А таа им одговорила, затоа што така одлучив!

И пред да поднесе оставка кон средината на јули 2019 година, односно пред нејзиното приведување во август истата година, таа беше доста активна на социјалните мрежи, каде често објавуваше народни мудрости, кои јавноста знаеше да ги протолкува како нејзино индиректно појаснување на она низ кое минува во тој животен период.

Покрај неа, во случајот „Рекет“ осудени беа и Бојан Јовановски- Боки13 на казна затвор од девет години и Зоран Милевски- Кичеец на казна затвор од три години.

Вики Клинчарова

Поврзани новости