890
Нов пораз за македонската ракометна репрезентација на Светското првенство 2021 година против Египет (38-19).
Домаќинот ја „уништи“ селекцијата на Македонија, која немаше никакво решение на овој меч.
Катастрофата беше најавена на полувреме, кога репрезентацијата на Египет имаше водство од 20-6, а со исто темпо продолжи и во вториот дел.
Со новиот пораз Македонија остана на четврта позиција, се уште без освоени бодови.