Села: Ќе поднесам барање за промена на Уставот

by fokus

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села бара промена на Уставот. Тој ова го најави во своето гостување на ТВ24.

Села информираше дека деновиве до Собранието ќе поднесе барање со кое од Уставот ќе се избрише формулацијата јазикот кој го говорат над 20 проценти од граѓаните и наместо тоа ќе се стави албанскиот јазик.

Села тврди дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ немаат ништо против ова барање на Алијансата.

Поврзани новости