624
Облечени во маици со иницијали, како што ги пушува во полицискиот билтен, командосите на Шарената револуција го активираа катапултот пред Владата.
Демонстрантите порачаа дека не се плашат од полициските гонења и ќе продолжат да „чаталат до слобода”.
-Секое попречување на правдата значи уназадување на нашата држава. Ние граѓаните ќе застанеме цврсто и одлучно позади напорите на СЈО да го вратат повторно правниот поредок. На сите оние кои размислуваат поинаку од нас по ова прашање можеме едно да им порачаме: „Обоени ви се деновите!“ – порача Шарената револуција.
Главен транспарент на вечерашниот протес е „Кривичниот пишува кривични”, а од тука толпата ќе се упати кон Собрание.