Шарена револуција: Вашите заплашувања се наш мотив!

by fokus

Полициското гонење на демонстранти е во фокусот на денешните протести на Шарената револуција.

„Кривиот пишува кривични” е главната парола со која голем број демонстранти го започнаа протестот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

-Вашите заплашувања се наш мотив. Секоја кривична пријава раѓа нови борци за правда. Ќе останеме истрајни во борбата за слобода, еднаквост и единство, бидејќи моментот е сега или никогаш. Токму затоа продолжуваме со нашите барања се додека тие целосно не се исполнат. – порачаа демонстрантите и се упатија накај Влада.

Инаку, полицијата денеска поднесе кривични пријави против дури 26-мина демонстранти од Битола и седуммина од Скопје, поради фрлање со боја на протестите.

Поврзани новости