Советникот на ЛДП-Битола, Александар Касапов побара оставка од градоначалникот на Битола Владимир Талески, поради неговата вмешаност во аферата Транспортер. Истовремено е побарано и битолскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ да се огради од Талески, во спротивно ќе се смета дека истото го поддржува и и е соучениск во неговото работење.
Специјалното обвинителство го товари градоначалникот на Битола Владимир Талески дека заедно со општинскиот претседател на Комисијата за јавни набавки и група превозници ги местеле тендерите за превоз на ученици со што општина Битола го плаќала најскапиот превоз во светот.
За градоначалникот Талески, против кого не може да се отвори кривична постапка бидејќи е аболициран од Претседателот, СЈО бара конфискација на имотот, за кој се смета дека е стекнат преку ваквите дејствија.
Талески ги негира злоупотребите за кои го товари СЈО, а од Иванво побара да ја повлече аболицијата за него.