471
Лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами рече дека се уште не добиле официјална информација околу предлог решението за името.
– Официјалниот став на БЕСА е името да ја рефлектира на реалноста на општеството во државата Македонија, а тоа е мултиетничноста и мултиконфесионалниот карактер. Секое друго име не ги претставува сите граѓани на Република Македонија. Лично сметам дека треба да остане ова име, се друго треба да биде нов договор со сите, рече Касами.