Се урна авион со 104 патници во Хавана

by fokus

Авион со 104 патници и членови на екипажот од типот „Боинг 737-200“ се урна денеска набрзо по полетувањето од хаванскиот аеродром „Хозе Марти“.

Како што јави ДПА, авионот на мексиканската компанија „Дамох Аеролинес“, изнајмен од кубанскиот авиопревозник „Кубана де Авиасион“, бил на лет од Хавана до градот Олгин во источниот дел на Куба.

Засега нема официјални информации за бројката на загинати, но кубанскиот претседател Мигел Диаз-Канел по посетата на местото на падот на авионот изјави дека има „голем број“ жртви.

Авионот се урнал во 12:08 часот по локално време (18:08 по средноевропско време) во близина на селото Сантијаго де Ла Вегас, на околу 20 километри јужно од Хавана.

Кон местото на падот на авионот се упатиле полицајци, екипи на Брзата помош и противпожарни возила.

Причините за уривањето на авионот засега не се познати, но набрзо по инцидентот авиокопанијата „Кубана де Авиасион“ приземји некои од нејзините летала.

Поврзани новости