Села: Ако има договор за името, тоа да се искористи за патот кон ЕУ и НАТО

by fokus

Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците денеска од Охрид порача дека многу е важно ако постои договор меѓу Македонија и Грција да се искористи тој момент и да се отвори евроатлоанскиот пат на Република Македонија.

– За други наши ставови треба да се соберат органите на партијата, треба да се консултираме со нашите експерти и ќе имате наш став по прашањето. Македонија е секуларна држава и по секоја цена тоа треба да се чува. Ако веќе сме имале проблеми кои датираат од третиот век пред нашата ера, не треба да се враќаме на 9-от век пред нашата ера, рече Села.

Поврзани новости