Лидерот на движењето Беса, Билал Касами во емисијата 360 степени на Алсат, повика на сеопозициска албанска соработка, поканувајќи ги сите политички партии, невладини организации и интелектуалци, освен ДУИ.
-Ако упатиме покани за коалиции или покани за можни предизборни коалиции во телевизиските студија, тогаш дозволете ми и мене од вашето студио да упатам покана за сеалбанска соработка, на сите политички партии регистрирани кај Албанците, ДПА, Алијанса, Алтернатива, НДП, Унитети, сите интелектуалци, дијаспората, активистите и целиот опозициски спектар да ја направиме оваа промена и да им понудиме на Албанците од Македонија опција што ДУИ ќе ја однесе во опозиција и кај Албанците ќе дојде промената што достојно ќе ги претставува во државните институции, рече Касами.