Јанушев: Рано е да се каже дали Милошоски, Димовски и Ѓорчев ќе бидат на листите

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вечерашното интервју на 360 степени одговори дека рано е да се каже дали Антонијо Милошоски, Илија Димовски и Влатко Ѓорчев ќе се најдат на избирачките листи на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори.

-Сите тројца се долго во политиката и се пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Прерано е да се каже дали ќе бидат на листите на изборите. Ако не бидат, секако дека имаат каде да придонесат, се работи за луѓе кои имаат уште што да кажат во политиката, рече Јанушев.

За Гордана Силјановска Давкова рече дека активно придонесува со своите ставови и идеи и би било нелогично ако не ги искористат нејзините капацитети.

Поврзани новости