Сончево со слаб ветер и температура до 29 степени

by Fokus 09:15
09:15

Времето во земјава ќе биде сончево, во текот на денот релативно топло со слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти меѓу минус еден и шест, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло.

Утринслата температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 26 степени.

До вторник ќе се задржи сончево време. Промена на временската состојба ќе има од среда кога дневната температура позначително ќе опадне, облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд

Поврзани новости