Касами од БЕСА го пополни четвртото место на лидерската средба, Мицкоски повторно ја донесе Каракамишева

by fokus 12:30
12:30

Почна втората фаза од лидерската средба во Клубот на пратеници, откако вчера лидерот на опозицијата го напушти состанокот предвреме. Прв во Клубот на пратеници пристигна претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со вицепремиерот, Бујар Османи, а по него дојде и премиерот, Зоран Заев, во друштво на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно го придружуваше професорката по прави, Тања Каракамишева.

- Advertisements -

Четвртото место на денешната лидерска ќе го пополни претседателот на едно од крилата на БЕСА, Билал Касами. До последен момент беше неизвесно дали на четвртото столче ќе седне Зијадин Села од Алијанса за Албанците, бидејќи имаат ист број на пратеници во Собрание.

На партиите на Албанците од опозиција им било оставено сами да се договорот кој ќе ги претставува на денешниот состанок.

Поврзани новости