Илиоски до пратениците од власта: Грубо го кршите законот, сакате да си поставите партиски војници и гајле немате

by Fokus

Извршната власт бидејќи не задоволна од тоа како Државната комисија за одлучување во управна постапка работи и кажува за нивните криминали реши да ги разреши. Продолжувате со грубо кршење на Уставот и законите и гајле немате, истакна денеска од собраниската говорница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

„Убаво пишува за што може да се разреши член или претседател на таа комисија. Истото тоа го направивте и ја разрешивте второстепената комисија за инспекциски надзор. Ај, членот по кој што се повикувате што е противуставен, кој од овие шест услови се исполнети за да поднесат предлог за разрешување. Очигледна е намерата на оваа власт. Ви пречи оваа комисија. Ако се разреши и се постават партиски војници, тогаш непречено ќе носите решенија за разрешување и луѓето кога ќе се жалат од таа ваша комисија, очекувате таа да ги покрие тие ваши криминали. Додека добиеме покана за НАТО ние ќе си постапуваме како што сакаме, ќе си разрешуваме кој сакаме, ќе си ставаме партиски директори – обвини пратеникот Илиоски.

Поврзани новости