Касами: Имаме можност да станеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

by Фокус

Претседателот на Беса, Билал Касами, по денешното гласање изјави дека денешниот ден е одлична можност да се докаже дека Македонија треба да биде членка на НАТО и да почне преговори со ЕУ.

-Денеска сите граѓани на Северна Македонија имаа можност да докажат дека сме одделени еднаш за секогаш од начинот за размислување што ни се сервираше повеќе од 40 години во монизам и речиси 30 години во демократија, каде државните работи беа определени само за припадниците на еден народ, една етничка група. Сега имаме одлична можност да докажеме во годината кога Македонија треба да биде 30-та членка на НАТО и да почне пристапни преговори за Европска унија да докажеме дека сме спремни да ги поделиме и споделиме вредностите на Европската унија – рече Касами.

Поврзани новости