ДИК ги објавува резултатите, следете ја во живо претседателската трка

by Fokus

Според првичните резултати од претседателските избори објавени на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија, кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски е во водство.

Пендаровски според досега обработените гласови има освоено 51.140 гласа, односно 41,74% од гласовите, додека Гордана Силјановска-Давкова има 39,70 отсто односно 48.657 гласа. Блерим Река има 17.980 гласа или 14,67 отсто.

Поврзани новости