Еуфорично во ВМРО-ДПМНЕ: Правдата стигнува, Македонија против Северна

by fokus

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ при првата партиска прес конференција соопшти дека тие водат во повеќе градови и општини, а во неколку веќе и прогласија победа.

-Против народ не се може. Од 43 отсто обработени избирачки места, водиме во Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Аеродром, Кисела Вода. Победвиме во Јагуновце, Градско, Могила, Радовиш, Ѓорче Петров… Благодарност до граѓаните за секој еден глас, за оние кои излегоа и кои не излегоа. Имавме кампања со низа прекршувања и прогон. Но, имавме и генерално мирен изборен ден. Стигнува правдата во Македонија. Македонија против Северна. Македонската пролет се случува, рече Јанушев.

Атмосферата во штабот беше еуфорична, а пристуните го скандираа името на партијата, како и „Македонија“.

Поврзани новости