Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе биде одговорно за јавните паркиралишта и јавните површини кои ќе бидат наменети за зонско паркирање во Општина Карпош, односно ќе функционира како организатор на сообраќајот во мирување, одлучено е на денешната седница на Советот на Карпош со мнозинство гласови.
„Градски паркинг“ треба да преземе активности за организација на сообраќајот во мирување, вклучувајќи го обележувањето, одржувањето и користењето, како и техничките и организациските работи, наплатата и надзорот над паркирањето на возилата и останатите работи на јавните паркиралишта и површини за зонско паркирање.
„Во овој случај, за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за зонско паркирање, ЈП „Градски паркинг” – Скопје има обврска да плаќа комунална такса, согласно Законот на комуналните такси и Законот за Град Скопје“, велат од Општина Карпош.