Суспендиран теренот во Тетово по инцидентите на мечот Шкендија-Шкупи

by Фокус

Како одговор на инцидентите што се случија на неделниот натпревар против Шкупи, Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија денеска го суспендираше теренот во Тетово, а домаќинот Шкендија го предаде на Дисциплинската комисија, која дополнително ќе одлучи за санкциите кон тетовскиот клуб.

Постапката против Шкендија е поведена пред Дисциплинската комисија на ФФМ поради сериозни пропусти во организација на натпреварот против Шкупи одигран во неделата на градскиот стадион во Тетово.

Дуелот го одбележаа голем број инциденти пред и за време на натпреварот, при што беа повредени најмалку двајца фудбалери на гостинскиот тим, како и еден од помошниците на главниот судија Александар Ставрев.

Фудбалер на Шкупи беше повреден пред тетовскиот стадион, додека негов соиграч, како и еден од судиските помошници беа погодени со камења фрлени од трибините на кои не беше дозволено присуство на гостински навивачи.

На натпреварот дојде и до физичка пресметка меѓу играчи и дел од клупскиот персонал на двете страни, додека фудбалер на Шкупи беше расистички навредуван од трибините.

Поврзани новости