Иако поделбите не се посакувани од никого, а особено не од нас, кога ставовите се различни поделбата е неопходна, рече вечерва пратеникот во македонското Собрание Неџбедин Каремани по отворањето на новите простории на Беса во Тетово.
-Овие нови простории што се доволни и пријатни се и многу важни бидејќи тие ќе бидат еден прозорец за комуникација на Беса со сите оние кои до вчера не биле добредојдени во движењето Беса. Овие простории не се на одделни кланови, реони или села, туку канцелариите на Беса се врати за сите граѓани од каде и да се. Иако поделбите не се посакувани од никого, а особено не од нас, кога ставовите се различни поделбата е неопходна, рече Каремани.
Тој побара од присутните членови, симпатизери и поддржувачи повеќе да не заморуваат со минатото туку да се насочат кон работите што ги очекуваат, како внатрешните избори и организирањето на конгресот што е закажан за 21 февруари. Уште еднаш потенцираше дека Беса ќе ја надмине сегашната фаза и ќе биде уште посилна.