636
Професорката и претседател на комисијата за политички систем на ВМРО-ДПМНЕ, Тања Каракамишева, жестоко реагираше на својот профил на Фејсбук, откако премиерот Зоран Заев порача дека „е време за одлука и дека македонскиот идентитет е заштитен“.
„Точно Зоран Заев, ВРЕМЕ Е ЗА ОДЛУКА!Време е да ја земеме судбината во СВОИ РАЦЕ и конечно да кажеме КРАЈ на вашите омаловажувања,криминалот,корупцијата,лагите и пазарот со ДРЖАВАТА!Време е за ОДЛУКА ДА РАСЧИСТИМЕ СО ТРАНЗИЦИОНИТЕ МАФИЈАШИ!“, посочи таа на својот профил.
Премиерот Заев на својот профил на Фејсбук апелираше кон македонскиот народ дека идентитетот ќе биде заштитен со Договорот со Грција, а младите ќе зачекорат кон ЕУ и НАТО.