ВМРО-ДПМНЕ: Иднината што ја понуди СДСМ е полна со „Криминални иновации” и „Крвави тендери”

by Fokus

„Иднината што ја понуди СДСМ под превезот на „животот” е иднина само за функционерите на СДСМ и нивните блиски кои секојдневно се вмешани во криминал и корупција. Тоа всушност е нотирано и во извештајот на ГРЕКО, а за жал го виде целиот свет. Иднината што ја понуди СДСМ е полна со „Криминални иновации”, „Крвави тендери”, крв по улиците и небезбедно општество за граѓаните“ ја обвинува власта опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата со став „Начинот на владеење на СДСМ е претурање на парите на граѓаните од државната каса во џебовите на нивните вицепремиери, пратеници, партиски членови. Начинот на владеење на СДСМ е хедонизам каде што децата на функционерите одат со службени џипови по одмори, се трошат пари за скапи ручеци и се превезуваат со хеликоптери“.

„Наместо безбедност на улиците, СДСМ понудија криминал на секој чекор, ослободија над 850 осудени затвореници и ниту едно расчистено убиство откако се на власт. Наместо иднина за стопанството, СДСМ понудија милионски задолжувања, катастрофална економија и некомпетентни политики кои ги осиромашија граѓаните и фирмите. СДСМ не ја носи Република Македонија во ЕУ и НАТО, туку носи штетен договор со кој се брише се македонско“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости