Каракамишева по говорот за помирување на Заев: И после ВМРО-ДПМНЕ барало амнестија

by fokus

Професорката и претседателка на Комисијата за политички систем во ВМРО-ДПМНЕ, Тања Каракамишева, на социјалните мрежи се огласи откако денес во Собранието, премиерот Зоран Заев понуди рака на помирување и простување за настаните од 27 април, што јавноста го протолкува како понудена амнестија за обвинетите.

„Заев ќе направи СЕ за да ја заокружи целта на неговото носење на власт. Еве само што испрати порака од собраниската говорница за помирување и простување за настаните од 27 април?! И после ВМРО барало амнестија? Аман човек кочи, соземи се, твојата мисија НЕ Е НАША МИСИЈА! ТИ ЌЕ МОРА ДА СИ ОДИШ И ДА ОДГОВАРАШ ЗА ЗЛОДЕЛАТА! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА“, пишува Каракамишева.

Поврзани новости