Професорката Тања Каракамишева во својата колумна во весникот Дневник пишува за тоа кои биле причините што младите се иселуваат од Македонија. Според неа, тоа не се лошите услови за живот и тешката економска ситуација, туку младите ја напуштале Македонија најчесто поради невозвратена или непреболена љубов.
-Иако генерално во јавноста се мисли дека причините се од егзистенцијална, а се шпекулира дека се и од политичка природа, многу малку се знае дека најголемиот дел не заминале во странство заради недостаток од пари, туку заради духовна неисполнетост, нереализираност на приватен план, како и поради чувството на љубовна празнина во домот. Во најголем број од случаите се работи за тага поради невозвратена или непреболена љубов па чарето одлучиле да го бараат во заминување подалеку од партнерот со мислата дека ако се подалеку од местото каде што с` ги потсетува на неа/него полесно ќе им оди со преболувањето, анализира Каракамишева.
Таа заклучува дека раскинувањето или разводот од партнерот, но и незадоволството од семејните односи меѓу родителите, браќата, сестрите (главно заради присутното семејно насилство) се најчестата причина за заминувањето на младите.