ЕК: Треба да се зачува слободното движење во ЕУ

by Фокус

Треба да се зачуваат Шенген зоната и слободното движење во ЕУ, порача еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Димитрис Аврамопулос, по вонредната средба со претставници на Данска, Шведска и Германија во седиштето на Европската комисија.

На средбата сите се согласиле дека треба да се ограничат преземените вонредни мерки и гранични проверки и што е можно поскоро да се обнови нормалното функционирање на Шенген.

И претставникот на германското МНР, Уле Шредер, изјави дека неговата земја сака да се зачува Шенген зоната.

-Воспоставивме гранични проверки затоа што над 3.000 мигранти дневно доаѓаат кон нашата земја. Важно е да ги нотирам причините и последиците – немаме ефикасна гранична контрола меѓу Грција и Турција, треба правилно да се примени системот за доделување азил, не дејствуваат квотите за раселување, па од овие прични ние не сме во состојба да постигнеме европско решение, рече Шредер.

Поврзани новости