Македонскиот претседател е основната причина да се попречат нештата во преговорите меѓу Македонија и Грција за името. Всушност еден од неговите најблиски соработници продолжува оперативно да се занимава со шпионажа во Бугарија, тврди министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за бугарската релевизија „Канал 3“.
-Едниот од неговите блиски соработници продолжува да работи на линија на тајните служби оперативно, нема да му го кажувам името, но нека се знае дека ние сме свесни за тоа – додаде тој.
Според него премиерот, Бојко Борисов, и вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, правилно постапиле со тоа што ја откажаа средбата со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов.
-Правилно постапија премиерот и вицепремиерката затоа што всушност што имаат тие да разговараат со Ѓорге Иванов, кој ги опструира напорите на Владата во Скопје да се постигне некаков компромис во спорот со името. Бугарија беше една од земјите кои ја помагаа Македонија во интеграциите кон ЕУ и НАТО. И еден таков, кој ја саботира твојата политика, што има да зборуваш со него – вели Каракачанов.