Манчевски: Договорот со Грција значи повеќе патишта и работни места

by Фокус 13:41
13:41

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на вчерашната средба со партиски симпатизери и поддржувачи во Штип, ја потенцираше важноста од остварениот договор со Грција, кој, според него, го зајакнува и обезбедува македонскиот идентитет.

-Историскиот договор што го постигнавме пред се овозможува ставање печат на вековитоста на нашата држава, на нашиот идентитет. Значи признавање на македонскиот национален идентитет и значи признавање на македонскиот јазик. Повеќе да нема никаква дискусија или дилема околу тоа, нешто што цело време беше оспорувано. Дополнително, значи конечно отвoрање на перспективите за Македонија, за членство во ЕУ и НАТО. Значи дека ќе имаме шанса и за многу повеќе патишта, за многу повеќе инфраструктура, за многу повеќе работни места – посочи тој.

- Advertisements -

Истите пораки во пелагонискиот регион ги упати и партискиот генерален секретар Александар Кирацовски.

Поврзани новости