Хелсиншки: Ги осудуваме повиците за насилство на вчерашниот протест

by fokus 14:16
14:16

Хелсиншкиот комитет го осудува говорот на омраза и повикувањето на насилство од страна на вечерашните учесници на протестот против промена на името.

-Хелсиншкиот комитет за човекови права недвосмислено ги поддржува граѓаните во практикување на нивното право на протест и слободно искажување на нивните ставови и мислења.

- Advertisements -

На вчерашниот протест пред Собранието на Република Македонија по повод веста за решението на спорот со името помеѓу Р. Македонија и Р. Грција, беше регистриран говор на омраза и повикувања на насилство од страна на учесниците на протестот. Во тој контекст, Хелсиншкиот комитет упатува најстрога осуда за говорот на омраза присутен на вчерашниот собир, особено имајќи ги предвид случувањата на 27ми април 2017 година, како и говорот на омраза што му претходеше на насилството во Собранието.

Апелираме до сите граѓани да се воздржат од употреба на говор на омраза, навредливи и провокативни пораки кон различните етнички заедници и националности. Со цел сузбивање на говорот на омраза и разните облици на повикување на насилство и нетолеранција, бараме од надлежните институции да постапуваат по ваквите инциденти и да санкционираат секој вид на говор на омраза, се наведува во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Поврзани новости