863
Лидерот на бугарската ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов информираше дека 95 отсто од македонските граѓани кои гласале на бугарските евроизбори во амбасадата во Скопје ја дале довербата на неговата партија.
Од околу 1.200 гласачи, нешто повеќе од 900 го дале гласот за партијата на Каракачанов.
„ВМРО – Бугарско национално движење изразува благодарност до сите граѓани на Македонија кои учествуваа во изборите за бугарски претставници во Европскиот парламент. Во името на избраниот европратеник Ангел Џамбаски македонските граѓани веќе ќе имаат свој претставник во Европскиот парламент“, велат од партијата.
Европратеникот планирал да отвори свои канцеларии во Скопје ,Охрид и во Битола.