1.7K
Претседателот на Комисијата за зарзни болести, Жарко Караџовски во вечерашното гостување на МРТ рече дека корона кризата нема да помине брзо и дека ќе трае и наредната година.
-Бидете сигурни дека ова ‘чудо’, корона – кризата која не зафати на почетокот на годината ќе трае и до следната календарска година. Мора да бидеме поготвени за превентива, а не за вакцина. Кога ќе дојде вакцината, таа е добредојдена и државата ќе си го направи своето и ќе набави количина која ќе биде достапна во тој момент. Да се надеваме дека следната календарска година ова време ќе имаме на видик некаква вакцина, вели Караџовски.