Мицкоски: Сакаат да го распродадат Делчев за да си поделат лиценци за производство на марихуана

by fokus

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски вечерва се обрати пред присутните на протестот за Македонија, за ЕУ и за Гоце Делчев.

Како што истакна Мицкоски, СДСМ не се залагаат за ЕУ и сакаат да го распродадат деецот   Делчев.

,,Откажувањето од Делчев, според власта,мора да го проголтаме. Но, македонизмот е над и пред се. Ние сме за почитување на различноста. Нашите историчари мора да знаат дека ја имаат поддршката од народот. Народот е државата, а не смееме да и дозволиме на власта да станеме територија. Нашата иднина е во ЕУ. Ова СДСМ не е за ЕУ. Тој е спротивно од она што е европска вредност. Ја поскапеа струјата. Тие се против ЕУ затоа што склопуваат бизнис зделки со антиевропски безнисмени во Тетово. Тие се мафија која не држи надвор од ЕУ. Иднината во ЕУ ќе дојде без Заев. Сакаат да го продадат Гоце за да си поделат лиценци за производство на марихуана”, рече Мицкоски

Текст и фото: Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости