Карабиниери од Пјаченца тргувале со дрога и вршеле тортура за време на карантинот во Италија

by fokus

Група карабиниери е уапсена, а нивната полициска станица во Пјаченца е затворена, откако истражните органи открија серија злосторства што ги сториле во просториите на станицата, пренесе денеска Би-Би-Си за аферата што ја згрози Италија.

Посои сомнение дека карабинерите од Пјаченца, град на северот на Италија, наводно тргувале со дрога, изведувале изнуди и вршеле тортура.

Случајот ги шокираше обвинителите и жителите на италијанскиот град.

-Недопирливи сме, му изјавил еден од осомничените на колега кој бил прислушуван.

Злоделата на карабиниерите завршија на насловните страници на речиси сите италијански весници, а локалната обвинителка Грација Прадела кажа „дека ништо што се случувало во таа станица не било легално, во секој поглед тие биле криминалци “.

Поврзани новости